30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs го зголеми профитот за 7,2 %

Goldman Sachs го зголеми профитот за 7,2 %

goldman1

Нето профитот на банката „Goldman Sachs“ во првото тромесечје од оваа година е зголемен за 7,2 проценти, на 2,26 милијарди.

Добивката за акција за периодот од јануари до март во 2013 година изнесува 4,29 долари, во споредба со 3,92 долари во првиот квартал од 2012 година, соопшти банката.

Во однос на претходното тромесечје, добивката за првите три месеци од оваа година е намалена за 21,9 проценти.

Аналитичарите во анкетата на Блумберг прогнозираа профит од 3,78 долари за акција.

Приходите на банката во изминатиот квартал се зголемени за 1,4 проценти, на 10,09 милијарди долари, во споредба со 9,95 милијарди во првиот квартал од 2012 година. Во споредба со четвртиот квартал од минатата година, приходите се зголемени за 9,2 проценти.

Банката ги зголеми приходите за 36 проценти на годишно ниво, на 1,57 милијарди долари и 12 проценти на тримесечно ниво. Сопствените кредитни и инвестициони операции во првиот квартал од оваа година на банката „Goldman Sachs“ и донесоа приходи од 24 милиони долари, а управувањето со инвестиции 1,1 милијарди долари.

Како што е наведено во соопштението „Goldman Sachs“, во завршениот квартал се задржа на првото место по обемот на организираните спојувања и аквизација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП