Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на мастерс турнирот во Синсинати заради повреда на левиот рачен зглоб, соопштија организаторите.
„Тажни сме да објавиме дека светскиот број еден Новак Ѓоковиќ се повлече од турнирот заради проблеми со левиот рачен зглоб“, напишаа организаторите на официјалниот Твитер профил на турнирот.
Српскиот тенисер рекол дека му е потребно време за да ја залечи повредата.