Сите оние кои сакаат да ги подобрат своите вештини во креветот ќе бидат во можност тоа да го направат со помош на Кама Сутра во 3D верзија.
Технологија ги трансформираше рачно изработените цртежи во холограми, кои со помош на таблети и паметни телефони ќе ви бидат водич кон сите пози за врвно задоволство.
Оваа бесплатна апликација доаѓа со новата верзија на текстот кој првично беше напишана на санскрит пред 2.000 години.
Секоја слика може да се види бесплатно на овие уреди.
„Кама Xcitra“ им нуди помош на паровите како да ги совладаат вештините за секоја поза која се наоѓа во оргиналната книга, а со помош на 3D изданието обуката е најлесна досега.
Апликацијата нуди 69 пози и им овозможува на корисниците да го сменат изгледот на моделот, бојата на косата и кожата и да додадат музика која сакаат да ја слушаат.
„Некои од позите кои претставуваат предизвик како на пример „Pron Tiger“, „Catherine Wheel“ или „The Peg“ кои според книгата беа многу збунувачки, затоа што упатството беше сиромашно. Но сега тоа е многу разјаснето“, изјавил портпаролот на „Кама Xcitre“.