Марко Поло е нова супер-луксузна вила. Таа се наоѓа во срцето на Вал Дизер (Франција), вилата дава приватност и лесен пристап до центарот на ова одмаралиште. Вистинско стилско ремек дело, Марко Поло има комбинација од современи и традиционални материјали која создаваат уникатна вила. Пространите 1000м2 Алпски шмек на Марко Поло овозможуваат престој за 12 возрасни и 2 деца во 6-те прекрасни спални соби.
Собата за дневен престој е пространа со голем салон и трпезариски простор со камин поставен централно. Барот е совршено место за коктел пред вечерата и има кино екран кој дискретно се спушта од високите греди. Тука е и балконот, комплетиран со панорамскиот поглед на „La Face“ пистата, надворешна кујна и греење на седиштата.
Првиот кат на Марко Поло е целосно посветен на релаксација и благосостојба. Тука е просторниот базен заедно со топлата када.
Вилата располага и со визба за вино, а за забавниот дел тука е собата за игри која е опремена со пикадо и маса за билјард. Собата за вежбање овозможува вежбање во парови, а за релаксација по вежбањето тука е собата за масажа.
Се во оваа прекрасна вила е наменско, создавјќи уникатно искуство на Алпите.