Цената на електричната енергија за домаќинствата од 1 јули ќе се намали за 0,25 отсто, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според претседателот на РКЕ Димитар Петров, причина за поевтинувањето се помалите трошоци што ги пријавиле енергетските компании.
Кај ЕЛЕМ Производство цените се намалуваат за 0,01 процент, кај МЕПСО за 7,99 отсто, а кај ЕВН Дистрибуција за 9,71 процент.