Меѓународниот монетарен фонд официјално ја призна сомалиската Влада по 22 годишна блокада.
Одлуката ќе му овозможи на Фондот да дава совети за економската политика на Сомалија. ММФ прецизираше дека нема да може да отпушта кредити за Сомалија, се додека земјата не ја врати сумата од 352 милиони долари, што му ја должи на Фондот.
Оваа мерка им отвара можност на донатори и други банки за развој да ги обноват односите со Сомалија, чија економија е во тешка состојба, поради дведеценискиот конфликт.
Големите западни донатори, меѓу кои САД, Велика Британија и други европски земји постепено ги обновуваат своите ангажмани со Владата во Могадишу, по изборот на претседателот Хасан Шеик Махамуд на крајот на минатата година. Тоа беа првите избори во Сомалија по соборувањето на воениот диктатор Мохамед Саид Баре во 1991 година.