Џејми Варди ја одби понудата на Арсенал да се пресели на „Емирејтс“ и потпиша нов четиргодишен договор со Лестер.
Џејми Варди, стрелец на 24 гола во Премиерлигата, со кои му помогна на Лестер да ја освои шампионската титула, реши да ја одбие понудата на Арсенал и да остане до крајот на кариерата во Лестер.
„Лестер и Џејми Варди се договорија и денеска потпишаа нов договор. Џејми нема да замине, својата кариера ќе ја заврши во Лестер“, објави клубот на својата страница.
Арсенал се обиде да ја активира откупната клаузула од 20 милиони фунти, но напаѓачот му се заблагодари на Арсен Венгер и го продолжи договорот со „лисиците“ на нови четири години. Според новиот договор, англискиот репрезентативец ќе заработува 100.000 фунти неделно.