Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би ја зголемило неизвесноста во време на глобалната економска слабост, изјави првиот заменик директор на ММФ, Дејвид Липтон.
„Многу е тешко да се предвидат потенцијалните ефекти, но таа неизвесност би била негативен фактор и би настапила во време кога глобалното закрепнување и понатака е бавно и донекаде слабо“, изјави Липтон на конференцијата за новинари во Пекинг, пренесува агенцијата Ројтерс.
Таквиот вид на неизвесност, како што додаде, не би бил корисен.
Граѓаните на Велика Британија на 23-ти јуни ќе излезат на референдум и ќе се изјаснат за тоа дали сакаат да останат или да излезат од составот на ЕУ.