Највисоката просечна исплатена плата за март во регионот е во Словенија со 1.033,95 евра, а најниска во Македонија 356,97 евра(21.813 денари), според последните податоци на Државниот завод за статистика на Македонија.
Просечна месечна нето плата исплатена во Хрватска за февруари 2016 година изнесувала 752,97 евра, пишува агенцијата Анадолија.
Во Црна Гора заклучно со март 2016 година била исплатена просечна плата од 488 евра, додека во Босна и Херцеговина изнесувала 431 евро(843 конвертабилни марки).