За потребите на своите клиенти, Стопанска банка а.д. Битола лансираше две атрактивни понуди со поволни услови до крајот на оваа година.
Замислете го вашиот идеален дом – простор каде што вашите соништа и сеќавања се создаваат. Со новиот станбен кредит од Стопанска банка а.д Битола, овој сон може да стане реалност побрзо и полесно од што сте замислиле. Во време на зголемена несигурност и растечки тренд на каматните стапки ова е одлична можност за нов дом со фиксна каматна стапка 3,30% до 5 години или 3,70% до 10 години.


