Втората административна област на Будимпешта ќе се збратими со Општина Центар, договориле во четврток Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и амбасадорот на Унгарија во Р. Македонија, Јожеф Бенце.
Тоа е една од централните области на главниот град на Унгарија, Будимпешта, со близу 90.000 жители.
Двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка состојба во државата.