Официјална Атина нема да ги одобри вонредните мерки за штедење кои ММФ ги бара во случај Грција да не ги исполни буџетските цели предвидени со пакетот помош.
Тоа го изјави грчкиот заменик министер за одбрана Димитрис Викас.
Тој, за приватната грчка телевизија Антена, изјави дека вонредното намалување на потрошувачката не може да биде одобрено според грчкиот закон, што, како што оцени, ќе ја поткопа меѓународната доверба во Атина, пренесува агенцијата АП.
Несогласувањата меѓу грчките власти, ММФ и кредиторите од еврозоната, како што наведува AP, се причина за повеќемесечното одложување на деблокирањето на исплатата на наредната транша помош за Атина.
Турција се обврза на нова рунда мерки за штедење и достигнување на висок буџетски дефицит со цел да се избори со националниот долг кој оваа година би требало да достигне 183 проценти од бруто домашниот производ (БДП), наведува американската агенција.