Цените на акциите на европските берзи во четврток пораснаа, иако се забележани слаби деловни резултати на неколку компании, како и пад на цената на нафтата, што ги наведе инвеститорите на внимателност.
Лондонски FTSE зајакна 0,03 отсто, на 6.365 бодови, додека франкфуртски DAX порасна 0,67 отсто, на 10.093 поени, а париски CAC 0,47 отсто, на 4.511 бодови.
Под притисок се акциите на нафтените гиганти, како БП и Тотал, што е последица на падот на цените на црното злато, откако ОПЕК предупреди на понатамошно слабеење на побарувачката.
Неизвесно е дали најголемите светски производители на состанокот во Доха во недела ќе постигнат договор за замрзнување на производството.
Откако во среда го достигна највисокото ниво во последните четири месеци, на лондонскиот пазар цената на барел се намали 1,35 отсто, на 43,59 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини 1,55 отсто, на 41,10 долари.