Која земја има најраспространет домејн на интернет? Кина или САД? Русија или Британија?
Мислите дека ова прашање е лесено? Зад американскиот домејн „.us“ стојат само 1,6 милиони сајтови. Зад рускиот „.ru“ има околу 5 милиони домејни, зад „.uk“ се засолнаа 10 милиони, а кинескиот и германскиот домејн – „.cn“ и „.de“ имаат по околу 16 милиони сајтови.
Но најголемата земја очигледно е Токелау во која постојат над 31 милиони домејни – „.tk“. Токелау е остров во централниот дел на Тихиот Океан, северно од островите Самоа. Припаѓа на Нов Зеланд, а има 1380 жители кои зборуваат англиски и 11 отсто од нив се неписмени.
Тајната на успехот е едноставен – домејнот на Токелау е апсолутно бесплатен. Во 2000-та година, холандската компанија „Freenom“ го добива правото да го дистрибуира бесплатно домејнот. Истата компанија дистрибуира бесплатни домејни во уште неколку земји – Мали (.ml), Габон (.ga), Централна Африканска Република (.cf) и други.
Што е поволноста за жителите на овие земји? Па тие добиваат дел од рекламните приходи на холандската фирма.
А зошто американскиот домејн не е многу распространет? Бидејќи е регистриран во 1985-та, но до 2002-та година се чува само за владини институции и училишта. Во овој период се наметнува најчестиот домејн во светот „.com“, а и самите Американците очигледно немаат традиција да го користат националниот домејн.
Картата на светот на домејни е составена од „Nominet“, официјалниот регистар на имињата на сајтовите во Велика Британија. На оваа карта го нема домејнот „.com“, како и домејни кои не се на латиница.