Њујорк повеќе не е престолнина на милијардери, бидејќи титулата сега ја презема Пекинг.
Кинеската престолнина го престигна „големото јаболко“ по бројот на милијардери.
Во Пекинг живеат 100, а во Њујорк 95 милијардери, покажуваат податоците на компанијата „Hurun“ од Шангај, која ги објавува годишните листи.
Пекинг минатата година доби 32 нови милијардери, а Њујорк само четири.
Москва е на третото место со 66 милијардери, потоа следи Хонгконг со 64 и Шангај со 50 милијардери.