Македонскиот репрезентативец во нордиски дисциплини, Ставре Јада, го освои 34-то место на младинските Зимски олимписки игри во Лилехамер, во дисциплината крос кантри 10 километри.
Јада, кој претходно во крос кантри слободно и спринт, завршуваше на 43-та и 44-та позиција, со оваа трка го заврши својот настап на младинските ЗОИ.
На стратот на трката на 10 километри се појавија 50 натпреварувачи, еден не ја заврши трката, а Јада на крајот го освои 34-то место.