Грејпфрутот е чудесно овошје кое помага во борбата против целулитот бидејќи ја подобрува циркулацијата, спречува наталожување на вода во телото, го забрзува метаболизмот, ги исфрла токсините од организмот и го регулира нивото на шеќер во крвта.
Направете го овој напиток, консумирајте го редовно и победете го целулитот.
Состојки:
– 1 голем грејпфрут
– 2 портокали
– половина лимон
– парче ѓумбир
Подготовка:
Измијте го овошјето и ѓумбирот, олупете го и ставете го во соковник.
Исцедете го сокот од споменатите намирници и ставете го во фрижидер.
Пијте го наутро на празен стомак, како и помеѓу оброците.
Ако немате соковник, овошјето исцедете го рачно, а ѓумбирот изрендајте го.