Фудбалерите на Ливерпул забележаа победа во Сандерленд (1:0), во последниот натпревар одигран во рамките на 19.коло, во Премиерлигата.
Ливерпул против Сандерленд ја запиша втората последовна победа, а до неа стигна со голот на Кристијан Бентеке, постигнат на стартот на вториот дел.
Играчите на Јирген Клоп, имаа повеќе шанси, но само еднаш го совладаа Маноне, а нивните промашувања Сандерленд не знаеше да ги казни.
Со оваа победа Ливерпул се искачи на седмото место со 30 бодови колку што има и Манчестер Јунајтед на шестата позиција.