Да станеш милијардер е доста комплицирана задача, но уште потешко е да го задржиш богатството, или да го зголемиш.
Не, причините за тоа не се само одлуките каде ќе се летува – Бора Бора или Сент Мориц.
Постојат и други, а како главни се смртта, неуспесите во бизнисот и друго.
Во 1995-та година во светот имало 289 милијардери, според податоците на „UBS Group AG“ и „PricewaterhouseCoopers“. Денес, се само 126 од нив кои го задржале своето богатство со барем 9 нули.
Што сепак се случило со останатите 163 луѓе?
Најголем број од нив – 66 се починати, 24 лица веќе не се милијардери поради поделба на богатството, а 73-ца од богатите се исчезнати од рангирањето на најбогатите луѓе во светот поради проблеми со сопствениот бизнис.
Бројот на жените милијардери во последните 20 години е зголемен за 6.6%, наспроти 5,2 отсто за мажите, покажуваат уште податоците од истражувањето. Денес во светот има 7 пати повеќе жени милијардери отколку во 1995-та година.