22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворена изложба за македонската архитектура во Софија

Отворена изложба за македонската архитектура во Софија

mimoza

Изложбата “Современа македонска архитектура 1950-1995”, реализирана во соработка со Асоцијацијата на архитектите на Македонија, беше отворена во четврток вечер во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија.

Изложбата ја отворија директорот на Центарот Васко Шутаров, а од име на Асоцијацијата Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ и претседателот на Архитектонската академија при Асоцијацијата на архитектите на Македонија, Александар Смилевски.

На 25 паноа, на изложбата се преставени најзначајните архитектонски дела на 25 лауреати на наградата за животно дело од архитектурата “Андреја Дамјанов”.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, а изложбата ќе биде поставена во македонскиот Центар во Софија до крајот на декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП