1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ Nissan со хибриден суперавтомобил

И Nissan со хибриден суперавтомобил

gt-r

Пред неколку месеци се чинеше дека индустријата на хибридни суперавтомобили ќе вреди милијарди евра, но се очекува нејзин натамошен раст кој ќе биде предводен од „Ferrari“ и „McLaren“.

Но сега и други компании го следат нивниот пример, „Honda“ со „NSX“ кој е многу близу до сериско производство, а се очекува и „Mitsubishi“ наскоро да тргне по тој пат и да го направи хибридниот „Evo XI“.

На листата на модели кои би можеле да добијат хибридна верзија неочекувано се најде и популарното возило на јапонски „Nissan“, а е познат под надимакот „Godzila“.

Да биде поинтересно, потпрестседателот на „Nissan“ за Северна Америка, Хозе Муњоз неодамна го најави хибридниот „GT-R“ дека пристига до крајот на годината.

Сега само се поставува прашањето дали е во прашање прототип или концепт кој за сериско производство ќе биде подготвен дури во 2017-та година. Во секој случај одговорот ќе биде познат до крајот на оваа година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП