20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата под 44 долари

Цените на нафтата под 44 долари

nafta 83

Цените на нафтата паднаа во средата под нивото од 44 долари на меѓународните пазари, имајќи предвид дека зголемените американски резерви ја зголемија загриженоста пореди прекумерното производство, потенцирана и со очекувањата дека Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) се истрајни на високото ниво на производство.

На лондонскиот пазар цената на барел сирова нафта падна за 85 центи во однос на затворањето на тргувањето во вторникот и изнесуваше 43,59 долари. На американскиот пазар пак, се тргуваше за 78 центи пониска цена на 41,07 долари. Од своја страна OPEC објави во средата дека цената на барелот од референтната кошница негова нафта во понеделникот изнесувала 38,93 долари, односно била речиси непроменета во однос на петокот.

Во моментов во светот се произведува значително повеќе нафта отколку што е потребно, поради што цените од минатогодишниот јуни се повеќе од преполовени. И покрај тоа, се очекува дека OPEC во петок на редовното заседание ќе го задржи производството на високо ниво за да го одбрани пазарниот удел од произведувачите од Русија и од Северна Америка.

„Пазарот смета дека е многу малку веројатно дека OPEC ќе ја промени стратегијата. Кога инвеститорите би милеле дека постои минимална шанса за такво нешто, цените пред средбата би растеле“, толкува за Reuters Бјарне Шиелдроп од норвешки SEB.

Покрај состанокот на OPEC, во фокусот на трговците е и високото производство и растот на американските резерви.

Русија, исто така, продолжува да произведува со најсилно темпо од распадот на Советскиот сојуз. Во ноември произвела 10,78 милиони барели дневно, и покрај ниските цени на нафатат, покажаа во средата објавените податоци од руското министерство за енергија.

Паралелно, американските комерцијални резерви на нафта минатата седмица повторно пораснале, и тоа за 1,6 милиони барели, објави во вторникот американскиот институт за нафта (API). Попладне се очекува официјалниот извештај на американската влада.

Аналитичарите истовремено предупредуваат дека ниските цени на нафатат во комбинација со високото ниво на долгот ја притискаат заработката на енергетските компании.

„Глобалниот сектот на нафта и гас е многу задолжен, а компаниите во сегментот на истражување и производство имаат корпоративни обврзници и кредити во вредност од околу 1.110 милијарди долари. Постојните долгови не претставуваат системски ризик за индустријата, но послабата достапност на поволното финансирање ќе биде нужно првата фаза во процесот на ребалансот на физичкиот пазар на нафтата“, се наведува во анализата на институтот BMI.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП