Воспалението на синусите најчесто се јавува поради ладното време, но и како последица на колебливите дневни температури. Не треба да ги сфатите несериозно проблемите со здравјето, бидејќи тоа може да доведе до хронична болест, па затоа задолжително јавете се и на лекар.
Сепак, додека да го посетите лакарот, или додека лекот кој ви го дал да започне да делува, можете да се обидете на себеси да си ги олесните маките и со алтернативни начини на лекување.
Се што ви е потребно се сварени јајца и тенок пешкир или памучна крпа. Штотуку свареното јајце ставете го во пешкирот, а потоа поставете го на челото меѓу очите. Колку јајцето е пожешко толку подобрo. Држете го јајцето на чело се додека сосема не се олади.
Повторувајте ја постапката се додека не ви стивне болката.