26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето-плата во септември 22.024 денари

Просечната нето-плата во септември 22.024 денари

prosecna-plataadrse4w4343

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата  по вработен, во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, изнесува 103.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето- плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (54.7%), Други услужни дејности (27.3%) и Административни и помошни услужни дејности (8.4%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец,  е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (38.2%), Други услужни дејности (18.9%) и  Преработувачка индустрија (1.3%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2015, изнесува 22 024 денари.

Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2015 година, во однос на септември 2014 година, изнесува 103.7

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто- плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (43.9%), Други услужни дејности (23.9%) и Административни и помошни услужни дејности (9.0%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (28.4%), Други услужни дејности (14.8%) и  Административни и помошни услужни дејности (1.3%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2015 изнесува 32 307 денари.

Во септември 2015 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП