3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрансакциите во здравствениот сектор ќе надминат 600 милијарди долари во 2015-та година

Трансакциите во здравствениот сектор ќе надминат 600 милијарди долари во 2015-та година

trans 33

Претстојната зделка на фармацевтската компанија „Pfizer Inc“ за апсорпција на „Allergan Plc“ за 160 милијарди долари ќе го зголеми вкупниот волумен на спојувања и превземања во здравствениот сектор во 2015-та година на рекордни над 600 милијарди долари, пресметува „Ројтерс.

Во здравствениот сектор благодарение на евтиното финансирање се забележува невиден бран на трансакции од почетокот на 2014-та година, почнувајќи од големи производители на лекови кои купуваат помали конкуренти, и се дојде до консолидација меѓу производителите на генерички лекови.

Со трансакцијата на „Pfizer“ за „Allergan“, здравствениот сектор ќе се издигне на челното место според вкупниот обем на спојувања и превземања, засенувајќи ги енергетскиот и технолошкиот сектор.

Пресметките на „Thomson Reuters“ покажуваат дека трансакциите во здравствениот сектор на крајот на минатата недела веќе се достигнаа 460,2 милијарди долари, засенувајќи го рекордот од 392,4 милијарди од минатата година. Во 2014-та година спојувањата и превземањата во енергетскиот сектор изнесувале 572, 4 милијарди долари, а во технолошкиот 514,4 милијарди долари.

Зделката „Pfizer-Allergan“ е најголемата во историјата на здравствениот сектор, откако го собори претходниот рекорд од 1999-та година, кога „Pfizer“ постигна договор за купување на „Warner-Lambert“ за 90 милијарди долари.

Оваа трансакција неизбежно ќе даде „храна“ за размислување на директорите на другите големи фармацевтски компании со седиште во САД, бидејќи „Pfizer“ ќе добие релативна предност во даночниот однос, доколку го пресели своето седиште во Ирска. Претставници на секторот и банкари се сомневаат дали ќе има и други кои ќе преземат ваков потег.

Од „Merck & Co Inc“, вториот по големина производител на лекови во САД по „Pfizer“, изјавија пред една година дека слични трансакции со цел т.н. „Даночна инверзија“, при што една компанија ќе го пресели своето седиште во држава со пониски даноци, не се вклопуваат во нивната корпоративна стратегија.

Швајцарските и британските фармацевтски гиганти пак веќе се радуваат на покорисните даночни режими и нивните шефови тврдат дека не ги гледаат „мегазделките“ како дел од идниот развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП