27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПет причини зошто нафтата може да падне до 25 долари во 2016-та...

Пет причини зошто нафтата може да падне до 25 долари во 2016-та година

naft 004

Во последно време на нафтениот пазар честопати се поставува прашањето дали цените ќе го постигнат дното во 2016-та година или ќе продолжат да се уриваат надолу. Од почетокот на годината суровината поевтини за речиси 18% и нема причина да се верува дека падот е завршен, коментира Џеси Коен од Investing.com.

Според него има 5 фактори кои доминираат на пазарот, поради што во 2016-та година нафтата може да се тргува меѓу 25 и 35 долари за барел.

1. Производството на нафта ја надмина побарувачката по „бумот“ на индустријата со шкрилци во САД и по одлуката на „ОПЕК“ да не го ограничува производството, за да го задржи пазарниот удел. Според месечниот извештај на организацијата за октомври приносот во рамките на картелот e околу 31,64 милиони барели на ден, што се доближува до рекордно високо ниво.

2. Придонесот од „ОПЕК“ се очекува да се зголеми уште повеќе, кога Иран ќе се врати на нафтениот пазар, штом ќе бидат укинати меѓународните санкции. Властите во Техеран сакаат да го удвојат извозот на нафта до 2,3 милиони барели дневно до средината на следната година, а на тој начин сериозното снабдување ќе порасне уште повеќе.

3. Загриженоста за висок придонес во САД, и покрај намалениот број на нафтените платформи, исто би провоцирало ставови. Според компанијата за услуги во нафтената индустрија „Baker Hughes“ бројот на платформи во САД во почетокот на ноември беше 574, што е блиску до најниското ниво од 2010-та година. Во изминатите 11 недели нафтените компании затворија 101 платформа и тоа би требало да е шпекулативниот фактор, бидејќи имплицира намален принос за во иднина. Сепак приносот на нафта во САД останува околу 9 милиони барели на ден во текот на изминатата година, што е блиску до највисокото ниво од почетокот на 70-тите години.

4. Загриженоста за состојбата на глобалната економија доведе до тврдења дека презаситеноста на пазарот на нафта може да трае подолго од првичните очекувања. Забавениот економски раст во Кина одигра клучна улога, а побарувачката на нафта во оваа земја во септември е 226.500 барели дневно – најслабиот раст по повеќе од 8 месеци. Азиската држава е вториот најголем потрошувач на нафта по САД.

5. „Против-ветрови“ ќе дојдат и од силниот долар, штом ФЕД ќе одлучи да ги укине каматните стапки. Така суровините, деноминирани во долари, ќе станат поскапи за купувачи кои користат други валути.

Сите овие фактори укажуваат дека враќањето на рамнотежата помеѓу понудата и побарувачката е далеку, поради што и цените на нафтата ќе останат ниски, коментира Џеси Коен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП