4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОбјавена книгата „Сказна за чучулигата“ од Томе Богдановски

Објавена книгата „Сказна за чучулигата“ од Томе Богдановски

;i;i

Во издание на „Македоника литера“ од Скопје неодамна излезе од печат нова книга на македонскиот писател Томе Богдановски – „Сказна за чучулигата“, која содржи драми, монодрами и радиодрами за возрасни читатели.

Повеќето од нив претходно се наградени или откупени на анонимни конкурси.

Карактеристично за драмските текстови на Богдановски е тоа што тој пишува приказни со цврста драматуршка структура; со динамичен или драматичен тек, и со одмерен и ефективен дијалог. Дејството во секој текст е предадено со потребната внатрешна и надворешна конфликтност, како негова движечка сила.

Томе Богдановски (1938, Бање – Кочанско) е поет, раскажувач, романсиер, драмски писател и учебникар. Пишува и за деца и за возрасни.

Карактеристично за него е што голем дел од објавените дела – расказите, радиодрамите и телевизиските драми, најпрвин се наградувани или избрани на анонимни конкурси. Во македонската литература дебитирал истовремено со три книги, во 1972 година.

„Сказна за чучулигата“ е втора негова книга со драмски текстови – претходно ја објавил збирката драми за деца „Ценцел“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП