20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Светлина во тунелот“ за пазарите во развој

„Светлина во тунелот“ за пазарите во развој

pazari dno22

Пазарите конечно добија поддршка од водечките финансиски институции. Експерти од инвестициските банки како „Goldman Sachs“ и „Bank of America Corp.“ изјавуваат дека растечките пазари може да го најдат своето дно.

Од финансиските институции, сепак не велат инвеститорите да очекуваат раст, туку дека можат да го видат стабилизирањето и намалувањето на нестабилноста на трговија.

„Малку оптимистинки сме за пазарите во развој во текот на следната година. Имало очекувања за малку подобри резултати и подобрување на економскиот раст во следната година. Тоа е по една многу лоша година за овие пазари“, според Гофри Денис, шеф на одделот за растечките пазари во „UBS Securities LLC.“

По пет години на повлекување, пазарите на земјите од Мексико до Полска пројавуваат знаци на закрепнување по подоброто представување на американската и европската економија. Валутите на земјите во развој бележат пад од речиси 30% од 2012-та година, па наваму, што придонесе за дополнителни загуби на инвеститорите.

Слабите валути сепак помагаат за забрзување на економската активност во овие земји, што дава конкурентска предност во извозот на истите. Пазарите изгледаат „евтини“, споредено со историските норми. Индексот „MSCI Emerging Markets Index“ е намален за 30% од својот врв во 2011-та година и се тргува во сооднос цена-прогнозирана добивка од 12. Тоа е околу една третина под истата оценка на „Standard & Poor’s 500“.

Генерално валутите на земјите во развој се околу 16% поевтини од „фер“ вредност во однос на доларот, откако валутите како бразилскиот реал и турската лира се намали до историски минимум во оваа година. Водечките експерти им препорачуваат на инвеститорите да купуваат валути, како мексиканскиот пезос и полската злота, во однос на еврото, а исто така даваат позитивни оценки за унгарски и индиски обврзници во локална валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП