4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЦвеклото го зајакнува имунитетот

Цвеклото го зајакнува имунитетот

cveklo-cvcvcvc

Нутриционистите цвеклото особено го препорачуваат во диеталната исхрана, за чистење на организмот од токсини и за зајакнување на имунитетот.

Богато со витамини, минерали и влакна, цвеклото е вистински „еликсир за здравјето“. Нутриционистите особено го препорачуваат во диеталната исхрана, за чистење на организмот од токсини и за зајакнување на имунитетот.

Ги содржи речиси сите важни минерали – калиум, калциум, фосфор, натриум, магнезиум, железо, бакар, манган, флуор, јод, сулфур, литиум и бром, како и витамините Ц, Б1, Б2 и Б12. Истражувањата покажаа дека редовното консумирање на цвекло спречува губење на минералите од коските и забите, го забавува стареењето и појавата на артеросклероза и ја поттикнува работата на цревата.

Благодарение на бетанинот и бетаинот, ја подобрува размената на материи, го регулира крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол, ги чува крвните садови и ја поттикнува работата на црниот дроб. Бидејќи содржи голема количина на железо и пигментот антоцијан кој му ја дава црвената боја, цвеклото е исклучително корисно во лекувањето на слабокрвноста.

Се препорачува и во случаи на грип, бронхитис, воспаление на белите дробови и болести на жолчката и желудникот. И тоа не е се. Овој лековит зеленчук благотворно делува и на нервите и работата на мозокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП