23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMaserati најавува конкурент на Porsche 911

Maserati најавува конкурент на Porsche 911

masssserati

Изгледа дека во наредните неколку години моделот „Porsche 911“ ќе добие голем број на конкуренти. Последниот во низата најверојатно ќе биде од страната на „Maserati“ и ќе биде претставен во текот на 2016-та година. Спротивно на претходните гласини дека овој нов спортски модел ќе има мотор на средината, сепак тој ќе биде во предниот дел од автомобилот.

Возилото ќе се карактеризира со 2+2 конфигурација со компактни димензии, за разлика од  моделот „Gran Turismo“. Новиот модел моментално е познат како „Shamal“ и ќе биде понуден со „V6“ мотори. Овој модел ќе биде конкурент на неколку автомобили како што се „Porsche 911“, „Jaguar F-Type“ и „Audi R8“.

Новиот автомобил ќе биде граден на лесна модуларна алуминиумска структура и основната верзија ќе развива околу 300ks, но ќе биде достапна верзија која ќе развива 400ks. „MC Stradale“ верзијата исто така ќе биде во понуда со околу 450ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП