22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакроекономските прогнози за 2016-та година (фото)

Макроекономските прогнози за 2016-та година (фото)

svetska ekonomija nas

Со наближувањето на крајот на годината се повеќе економски изданија и финансиски институции даваат свои прогнози и очекувања за доаѓањето на 2016-та година. Еве што може да очекуваме за светстките водечки економии во неа, според „Bloomberg“.

Во април 2016-та година ќе биде отворен новиот објект на Панамскиот канал. Тоа ќе овозможи сообраќај на бродови 2,6 пати поголеми од најголемите, кои минуваат низ каналот во моментов. Ова ќе е само едно од многуте добри нешта кои ја очекуваат светската економија, според анализата.

Други клучни настани догодина ќе се претседателските избори во САД и Тајван, летните олимписки игри во Бразил и претставувањето на новиот петгодишен план за развој на кинеската економија.

svetska ekonomija0

Друг значаен настан може да е референдумот во Британија за останување на земјата во ЕУ, кој најверојатно ќе се одржи во октомври. Следната година се очекува да е далеку посилна од сегашната, а растот да е со темпо, споредливо со долгорочно очекуваните прогнози на ММФ. Враќањето кон „силен и синхронизиран“ раст, сепак може да е во прашање, според извештајот на меѓународниот фонд од крајот на октомври. Од таму очекуваат раст на светската економија да е 3.6%, во позадината на 3,1% за оваа година и 3,5% во годините меѓу 1980-та и 2014-та година.

Меѓу факторите кои можат да се одразат негативно на светската економија, се девизните војни кои се појавуваат во Европа и се поклопуваат со политиката на Јапонската централна банка.

Кинеската економија се очекува да продолжи со слабото претставување и догодина.

svetska ekonomija1

Американската економија најверојатно ќе продолжи да се презентира многу подобро од другите водечки земји во светот. Цената на нафтата и останатите основни суровини е многу веројатно да останат при ниски нивоа.

Централните банкари – Џенет Јелен, Марио Драги и Харухико Курода, ќе продолжат да се во центарот на интерес на инвеститорите, откако ФЕД најверојатно ќе стартува со зголемувањето на каматата стапка и нормализирањето на монетарната политика, во средина на стимуланси од страна на ЕЦБ и Јапонската централна банка.

Најважната промена догодина ќе е Кина и темпото на раст на економијата на земјата, кој се очекува да остане под 7%. Колку сепак ќе се забави растот на втората најголема светска економија ќе се покаже како клучно, како за развиените, така и за новите економии во светот. Предвидувањата на експертите за растот на Кина е да се одложи до 6.3% во наредната година во однос на 6,8% во оваа.

svetska ekonomija3

Европа и Јапонија се очекува да продолжат да се претстават послабо од американската економија.

За разлика од најголемата светска економија која расте бавно, но стабилно од 2009-та година па наваму, и економијата на еврозоната, и онаа на Јапонија имаа моменти на потешкотии. Јапонската економија западна формално во нова рецесија по завршувањето на вториот фискален квартал. ЕЦБ може да продолжи со намалувањето на каматите во еврозоната и да ја однесе во поголема мера на негативна територија во наредната година. Јапонската централна банка, од своја страна, се очекува да ја зголеми големината на монетарните стимуланси.

Грчката финансиска криза, која во моментов не е толку актуелна, може повторно да почне да се манифестира со полна сила во втората половина на следната година, ако премиерот на земјата не добие одобрение за најзначајните ограничувања на трошоците, зголемувањето на даноците и реформите на пазарот на труд.

svetska ekonomija2

Потенцијалното излегување на Велика Британија од границите на ЕУ по гласањето во октомври може да има сериозни последици во однос на бизнис довербата во Европа.

Кризата со бегалците во ЕУ е уште еден сериозен проблем во политичкиот живот на Унијата. Иронично, оваа криза може во краток рок да го стимулира растот на Стариот континент. Предвидувањата на експертите се дека европските влади ќе им дадат помош на бегалците, кои потоа ќе ги потрошат и ќе бидат вратени во единствената економија.

Следната година ќе биде повторно тешка за Бразил и Русија, чии економии се очекува да продолжат да се стегаат, иако со далеку послабо темпо. ММФ очекува идната година Индија да го стигне на растот Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП