25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus даде зелено светло за LF-LC

Lexus даде зелено светло за LF-LC

lexus-lf-lc-concept-detroit

„Lexus“ го одобри развојот на сериската верзија на спортскиот концепт „LF-LC“, поради тоа што се  задоволни од позитивната реакција на прототип.

Одлуката на менаџментот ја соопшти Брајан Смит кој е потпретседател на „Lexus“ задолжен за маркетинг.

„Првично беше замислено да биде концепт автомобил, но на крајот на „LF-LC“ позитивно ги изненади сите, вклучувајќи не и нас во „Lexus“. Затоа во Јапонија дефинитивно беше одлучено да се оди со сериско производство на автомобилот“, рече Смит.

lexus-lf-lc-concept-detroit1

Тој не беше подготвен да и даде на јавноста повеќе информации за идната производствена верзија, како и погонскиот систем.

„LF-LC“ концептот за првпат беше прикажан на Саемот за автомобили во Детроит во јануари 2012 година, по што тој учествуваше во неколку големи меѓународни саеми. Прототипот е опремен со хибриден бензински-електричен погонски систем со вкупна моќ од 506 КС.

lexus-lf-lc-concept-detroit2

Последно произведениот „Lexus LFA“ за европскиот пазар беше изпорачан оваа недела, па поради тоа се шпекулира дека токму „LF-LC“ на пазарот би можел да го наследи „Lexus LFA“.

Вкупно беа произведени 500 примероци на „Lexus LFA“, од кои 40 завршиле во гаражите на клиенти од Европа. Повеќето од нив се во Германија (15), а потоа следи Швајцарија (6) во која беше испорачан последниот примерок на овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП