4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлавните заклучоци од самитот на Г20 во Анталија, несогласувања за климата

Главните заклучоци од самитот на Г20 во Анталија, несогласувања за климата

g20g20

Групата дваесет најразвиени држави Г20 заврши во турското летувалиште Анталија со носењето заклучоци за актуелните светски проблеми, особено во врска со тероризмот, бегалската криза и климатските промени, а за последното сепак не успеаја да најдат единствен став, при што се оценува дека овој неуспех можеби е најава за тешкотиите и пречките на самитот за климата кој ќе се одржи кон крајот на ноември во француската престолнина Париз.

Во врска со тероризмот „Остануваме обединети во борбата против тероризмот“, се наведува во заклучокот на челниците на Г20 е во кој се осудуваат „гнасните“ напади од петокот во Париз со најмалку 132 жртви и во Анкара од 10-ти октомври со 102 убиени. Се ветуваат акции чијашто цел е да се сопре финансирањето на терористите, зајакнување на граничните контроли и безбедноста на воздушниот сообраќај, како и размена на разузнавачки податоци.

За бегалците, кои исто така се актуелен голем глобален проблем се наведува дека „Димензиите на бегалската криза претставуваат глобален проблем со големи хуманитарни, политички, општествени и економски последици“. Челниците се обврзуваат дека подобро ќе ги заштитат и ќе им помогнат на бегалците и нагласуваат дека сите држави мора да понесат дел од товарот. Челниците, исто така, ја истакнуваат важноста од постигнување „политичко решение за судирите“, без да наведуваат поединости.

„Глобалниот економски раст е невоедначен и не ги исполнува нашите очекувања“, се наведува во делот од заклучоците посветен на светската економија. Членките на Г20 остануваат доследни на целата за раст на нивниот заеднички бруто домашен производ (БДП) за 2 отсто до 2018 година, во однос на 2013 година, зад што заостануваат за повеќе од третина.

„Растечката нееднаквост во некои земји претставува ризик за кохезијата во општествата и благосостојбата на граѓаните“, заклучија светските челници. Велат дека сакаат да создадат „повеќе работни места, особено на оние подобри“ и до 2025 година за 15 отсто ги намалат уделот на младите „меѓу оние на коишто им се заканува ризик од трајна исклученост од пазарот на трудот“.

Во врска со избегнувањето на плаќањето на даноците, лидерите на Г20 го поддржаа заедничкиот акционен план за спречувањето на плаќањето на корпоративните даноци, за да с „постигне глобално чесен и модерен меѓународен даночен систем“. Целата е компаниите да плаќаат данок таму каде што го остваруваат профитот и инвестициите. Во таа смисла, националните даночни власти ќе ги засилат размените на даночните и банкарски податоци.

Едно од најгорливите прашања беше климата при што челниците ја потврдија предаденоста на целата дека порастот на глобалната температура да се ограничи на 2 Целзиусови степени и да се постигне правно обврзувачки договор на климатскиот самите во Париз. „Договорот од Париз мора да биде чесен, урамнотежен, амбициозен, долгорочен и динамичен“, се наведува во заклучоците без да се посочи како ќе се следи исполнувањето на договорот. Во заклучоците, исто така, не се споменуваат плановите на земјите во развој до 2020 година да им се помогне со 100 милиони евра годишно за да г ублажат ефектите од климатските промени.

Јасно е дека челниците на дваесетте најразвиени земји не успеаја да го најдат заедничкиот именител за проблемите коишто потекнуваат од климатските промени. Светските лидери се обидуваат да најдат заедничка платформа за глобалниот договор за климата со која зголемувањето на температурата.

Ова беше последната шанса челниците да имаат директни разговори за важните еколошки прашања пред самитот кои ќе се одржи под покровителство на ОН (COP21)./ Разговорите на делегациите, според европски извори, биле „долги и тешки“ и траеле до неделата дозна ноќта без никакво позначително придвижување, а биле продолжени и во понеделникот наутро.

„Во еден момент помислив дека не живееме сите на иста планета“, изјавил за агенцијата DPA висок функционер од Европската унија кој сакал да остане анонимен.

Во компромисната изјава, челниците на Г20 ја потврдуваат само својата на обврската за намалувањето на температурата, а тој елемент беше изоставен од претходната верзија на текстот. Изразија желба во Париз да биде усвоен правно обврзувачки договор.

Еден од елементите на неусогласеноста, кој не успеа да влезе во завршниот текст, беше барањето на Франција, како домаќин на самитот за климата, и на ЕУ за редовно следење на напредокот во врска со долгорочните цели, но тоа наиде на отпор од други земји, во прв ред од Саудиска Арабија и од Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП