20 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНБА: Доминација на Вестбрук и Рондо

НБА: Доминација на Вестбрук и Рондо

vestbruk 33

Единаесет натпревари се одиграа во ноќта помеѓу петокот и саботата во НБА лигата, на кои само Кливленд победи на домашен терен. Индивидуално печат на натпреварите ставија Расел Вестбрук, Режон Рондо и Демаркус Казинс.

Леброн Џејмс постигна 31, а Мо Вилијамс 20 поени во победата на Кливленд во Њујорк (90:84). Кливленд е во серијата од осум последователни победи.

Сакраменто славеше над Бруклин (111:109), Рондо оствари „трипл дабл“ од 23 поени, 14 асистенции и 10 скокови, додека Казинс имаше двоен ефект од 40 поени и 13 скокови.

Расел Вестбрук го искористи отсуството на Кевин Дурент и веднаш забележа „трипл дабл“. Во победата на Оклахома над Филаделфија (102:85). Вестбрук забележа 21 поен, 17 скокови и 11 асистенции, за својот 21-ри „трипл дабл“ учинок во кариерата.

Резултати: Индијана-Минесота 107:103, Орландо-Јута 102:93, Њујорк-Кливленд 84:90, Торонто-Њу Орлеанс 100:81, Бостон-Атланта 106:93, Чикаго-Шарлот 102:97, Оклахома-Филаделфија 102:85, Мемфис-Портланд 101:100, Далас-ЛА Лејкерс 90:92, Денвер-Хјустон 107:98, Сакраменто-Бруклин 111:109.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП