27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРААрмакеддон Фестивал 2.0

Армакеддон Фестивал 2.0

arma

Денес, со почеток во 17 часот, во Дом на млади започнува 12 часовно фестивалско дружење, кое ќе биде зачинето со настапот на 6 ДЏ-и од Македонија, Србија и Грција.

Наредната година во Штип се слави 20 години од почетокот на Гоа Транс движењето! Движење кое промовира соживот без разлика на боја на кожа, националност, пол или било какви разлики помеѓу луѓето! Мотото на ова движење е: P.L.U.R. (Peace, Love, Unity, Respect).

„Со нашиот фестивал не представуваме некоја нова идеја, туку сакаме да ја вратиме културата во нашиот град и да го вратиме ноќниот живот, што е од големо значење за развивање на младинскиот дух и ум во Штип и Македонија. Армакеддон 2.0 представува мултимедијален настан каде што ќе настапуваат повеќе светски познати артисти“, велат организаторите.

Zik е проектот на Алекс Возикис од Грција, кој започнува да се занимава со електронска музика од 13 годишна возраст под името – Terrorist. Концептот на музиката на ZIK е да им создаде на публиката чувство на патување во најмрачните делови на подсвеста, за да подобро ги разберат човечките стравови и општата природа на човекот.

Mind Oscillation e Panagiotis Karampalasis од Грција, се занимава со електронска музика уште од многу рана возраст! По дипломирање на САЕ универзитетот за звучен инжињеринг, го открива Psychedelic Trance звукот и почнува да продуцира своја музика.
Неговата најголема инспирација е легендарниот транс артист Polyphonia.

Demoniac Insomniac е Борис Киров ака Каши Пури од Македонија, сопственик на издавачката куќа Active Meditation Music и човекот позади Armakeddon Festival. Има настапувано во повеќе земји во светот меѓу кои:Македонија, Србија, Грција, Италија, Германија, Русија, Португалија, Шведска, Австрија, Швајцарија, Јапонија, Индија, Шри Ланка, Сингапур…

Seth е Кристијан Крстевски од Македонија. Тој започнува да се занимава со Psychedelic Trance уште на многу рана возраст. Неговата музика може да се опише како Night Fullpower Psychedelic Trance, неговите траки се полни со мрачни атмосвери, но сепак имаат хармонија и мелодија, што го прави еден од најуникатните артисти во сцената…
Therange Freak е Михаило Андриќ од Македонија. Неговите почетоци во музиката се во тинејџерските денови, кога тој свирел во метал бендови на гитара и бас гитара. Има издадено своја музика за издавачки куќи како: Digital Shiva Power, Banyan Records, Rajas Records, Space Baby Records…

Dj Ram Ham е Дуле Наумов од Македонија. Тој е резидент Dj на Active Meditation Music забавите, а има настапувано на повеќе журки и фестивали во Македонија.
Добитник е на повеќе награди за својата работа, а се занимава со визуализации, графички дизајн, инсталации, скулптури итн…Тој со својот УВ декор има настапувано на повеќе фестивали низ светот во земји како: Србија, Хрватска, Швајцарија, Холандија, Италија, Белгија, Франција, Шпанија, Англија, Германија, Португалија, Данска, Јапонија, Тунис…
И за крај ќе имаме самостојна изложба на Моника Милева ака Megi In Wonderland!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП