27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на „Фантастичен бутик“

Концерт на „Фантастичен бутик“

butikbubu

Македонската филхармонија ги кани љубителите на музиката на концертот „Фантастичен бутик“, што ќе се одржи денес, во Домот на АРМ, со почеток во 20 часот.

Заедно со оркестарот, предводен од маестро Емил Табаков од Бугарија, како солист ќе се претстави еден од најбараните виолончелисти денес, Александар Књазев од Русија, кој ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 од Камиј Сен-Санс.

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе и атрактивната поема „Танц на мртвите“ од Сен-Санс, како и балетот „Фантастичен бутик“ на Росини/Респиги, кој ќе ја доживее премиерната изведба во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП