19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBitcoin - најсигурната валута во светот?

Bitcoin – најсигурната валута во светот?

bitcoin1

Во време на нестабилни пазари и нестабилни валути, една валута се наметна како исклучително сигурна, но и таа, а станува збор за bitcoin, има еден недостаток: bitcoin не постои во вид на пари.

Bitcoin е валута која важи во целиот свет, позади неа не стои ниедна централна банка, нејзината вредност ја определуваат многу компјутери, таа поседува природна заштита од инфлација и измами, објаснува германската телевизиска мрежа „NTV“.

Авторот на bitcoin потсетува дека довербата е темел на секоја валута и дека притоа човекот е одлучувачки фактор. Така е и во случајот на bitcoin, виртуелна валута која поседува идеална, но не и реална противредност. Меѓутоа, со bitcoin се тргува и оваа валута е подложна на промени. Кризата на еврото доведе до раст на вредноста на bitcoin.

Еден bitcoin моментално вреди нешто повеќе од 77 американски долари. Во средината на 2011 година, bitcoin со повеќе од 30 долари ја достигна највисоката вредност, а потоа падна на помлаку од пет долари. Во јануари оваа година вредноста почна одново да расте, при што, неговата цена не ја одредува централната банка, туку пазарот.

Bitcoin како вредност настанува на компјутерите, на интернет, на виртуелните пазари, а на крајот на минатата година „во промет“ беа повеќе од 10 милиони bitcoin. Покрај тоа, количината на bitcoin не ја утврдуваат институциите, туку компјутерски процеси во компјутерскиот дел на светот. Bitcoin е заштитен од инфлација со математичка функција, која не дозволува количината на bitcoin да порасне на 21 милион. Проблем може да се јави ако побарувачката нон-стоп расте.

Предноста на bitcoin е во независноста на неговите сопственици од трговците и банките. Сите трансфери се одвиваат по пат на виртуелно поштенско сандаче во форма на софтвер за различни компјутерски состави, во кои можат да учествуваат и приватни личности и компании, без давачки и без оглед на локацијата.

Bitcoin се состои од криптографски пар клучеви, при што еден од клучевите претставува валутна единица, а другиот служи како пристап до неа. Клучевите се чуваат во бинарна датотека, која патем, со пад на вредноста може да претставува додатен ризик поради можноста за кражба.

Кога сопственикот сака да плати со тие виртуелни пари, тој испраќа само јавен клуч заедно со потпис за трансакција.

Бидејќи трансакцијата се бележи на сите компјутери, манипулациите се исклучени.

Покрај тоа што служи како средство за плаќање на финансискиот пазар, bitcoin се повеќе се користи како платежно средство за трговија на разни стоки на интернет, па така, постојат страници на кои со таа валута може да се купат, на пример, музички инструменти или електроника.

Независноста на оваа валута од централните банки е причината поради која кај многу од банките предизвикува скептицизам, бидејќи како таква не е подложна на политички одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП