Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија – КОСМЕ 2014-2020 има вкупен буџет од 2,3 милијарди евра, за период од 2014 до 2020 година, и содржи четири компоненти: пристап до финансии, пристап до нови пазари, подобрување на рамковни услови и промовирање на претприемништвото, а со потпишувањето на Договорот за учество на Македонија во оваа ЕУ програма минатата година, се исполнети условите за нејзино користење.
„Министерството за економија, како Национален партнер – институција за КОСМЕ, ја фаворизира токму Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија на Европската Унија, бидејќи таа нуди можности за: зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, како и поттикнување на претприемачка култура и развојот на мали и средни претпријатија. Поттикнувањето на конкурентноста на компаниите се врши преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, постоечки и потенцијални претприемачи и бизнис организации за поддршка за развојот на бизниси“, истакна министерот Незири на промоцијата на Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија – КОСМЕ 2014-2020.
Програмата има вкупен буџет од 2,3 милијарди евра, за период од 2014 до 2020 година, и содржи 4 компоненти: пристап до финансии, пристап до нови пазари, подобрување на рамковни услови и промовирање на претприемништвото, а со потпишувањето на
Договорот за учество на РМ во оваа ЕУ програма инатата година, се исполнети условите за нејзино користење.
Министерот Незири изрази задоволство што Македонија веќе има добиено проект од КОСМЕ програмата, и тоа Enterprise Europe Network, кој ќе се имплементира од страна на Конзорциумот: Универзитет Св. Кирил и Методиј како координатор, со партнерите – Фондација за менаџмент и индустриско истражување и Стопанска комора на Македонија и ги покани малите и средни претпријатија, претприемачите, бизнис организациите за поддршка, регионалните и националните администрации да земат активно учество во неа и во што поголем обем да се искористат овие средства.
Во име на ЕУ, на работилницата свое излагање имаше и – раководителот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Мартин Клауке, кој се осврна на еден од аспектите на програмата КОСМЕ, а тоа е пристап до финансии, што подразбира разгледување на можноста за вклучување на финансиските институции во користење на финансиските инструменти, кои што Европскиот Инвестициски Фонд ги нуди за малите и средните претпријатија.
„Оваа компонента на програмата КОСМЕ опфаќа 60 отсто од целокупниот износ на програмата и е од особено значење, бидејќи една од главните пречки на малите и средните претпријатија за водење бизнис е пристапот до финансии. Меѓу факторите за проблемот со пристапот до финансии се релативно високите барања од банките за колатерал-обезбедување, или околу 150 насто, што е карактеристично за многу од земјите во регионот, потоа барањето на банките за обезбедување на кредитите со недвижност и, секако, кредитната историја на претпријатието при донесување на одлуката за давање заем од страна на банката“, објасни Клауке.
Тој ги охрабри финансиските институции да пристапат кон аплицирање за посредништво во делот на финансиите, помеѓу програмата КОСМЕ и малите и средните претпријатија, и тоа преку следните финансиски инструменти: Платформа за ризичен капитал, преку која се обезбедува пристап до финансирање на ризичен капитал во развојна фаза на претпријатието, и Платформа за кредитни гаранции, преку која се покриваат кредити, банкарски гаранции и лизинг за мали и средни претпријатија до 150.000 евра.