21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОдлучивте да престанете да јадете месо? Еве какви последици ќе има тоа...

Одлучивте да престанете да јадете месо? Еве какви последици ќе има тоа врз вашиот организам

месомесо

Доколку размислувате да преминете на вегетаријанска исхрана, пред да се откажете од месото, треба да знаете неколку работи. Исфрлувањето на месото од вашата исхрана може да има различни последици на организмот, и добри и лоши. Еве како ќе реагира вашиот организам во тој случај.

Ќе изгубите килограми

Дали исфрлувањето на месото од исхраната влијае на нас на било кој начин? Нил Барнард професор по медицина на Универзитетот Џорџ Вашингтон, се занимавал со одговорот на ова прашање. Тој ги анализирал клиничките истражувања за влијанието на исхраната и вегетаријанската исхрана на слабеењето и дошол до следниот заклучок: покрај тоа што спречува многу болести, вегетаријанската исхрана ќе ви помогне да изгубите најмалку четири килограми од телесната тежина.

Ќе го намалите ризикот од срцеви заболувања

Неколку студии, во кои учествувале повеќе од 76.000 мажи и жени, утврдиле дека постои 24 проценти помал ризик од срцеви заболувања кај вегетаријанците. Исто така, со исфрлување на месото од исхраната значително се намалуваат ризиците од запушување на коронарните артерии во однос на оние кои консумираат месо.Болестите на срцето и крвните садови се еден од водечките причини да смрт ширум светот. Покрај тоа, вегетаријанската исхрана има и антивоспалително дејство.

Можете да го изгубите сетилото за вкус

Истражување спроведено на јапонскиот Универзтитет во Токушима покажало дека цинкот, кој генерално го внесуваме преку конзумирање на месо, е заслужен за вкусот. Намалувањето на внесување на цинк доведува до губење на сетилото за вкус. Гравот, оревите, житарките и млечните производи содржат цинк, но фитатната киселина која се наоѓа во овие намирници ја спречува апсорбацијата на цинк. Тоа е причината поради која на вегетаријанците често им се препорачуваат суплементи за да го надополнат цинкот во организмот. Препорачаниот дневен внес за жени е 8 милиграми, а за мажи 12 милиграми цинк.

На мускулите ќе им треба повеќе време за да закрепнат

Протеините се многу важни за мускулите. Доколку не внесувате протеини, на мускулите ќе им треба повеќе време за закрепнување после физичкиот напор.

Можеби ќе мора да земате суплементи

Сите оние кои биле на вегетаријанска исхрана може да имаат недостаток од железо, калциум и витамин Б12. За да ги надополнат, најчесто им се препорачува користење на суплементи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП