16 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Олга Кулишев Клер во „Ко-Ра“

Изложба на Олга Кулишев Клер во „Ко-Ра“

olga-olll

Изложбата на Олга Кулишев Клер од Франција, ќе биде отворена во големиот салон на галерија „Ко-Ра“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, во сабота во 20 часот.

Олга Кулишев Клер заминува од Скопје по земјотресот 1963 год во Париз, Франција, каде студира и дипломира на Сорбона, руска книжевност и историја на уметноста. Во Париз студира и на Боз ар. Патува низ светот со Трансибирската железница низ Русија (тогашен СССР) Сахара, Јапонија, Иран, Индија, Европа, Јужна Америка.

Се занимава со сликарство интензивно од 1989 година и реализира голем број самостојни изложби (Загреб, Скопје, Москва, Санкт Петербург, Париз, во амбасадата на Македонија, како и учество на бројни групни изложби на повеќе салони во Париз, во Гран Пале, во Пекинг, Тианџин, на Биеналето во Фиренца.

Промовира и книга поезија „Отпечатоци на меморијата“ 2012 година, а снима и краткометражен филм (7мин) „Будењето на Лара“. Предговорот во каталогот кон изложбата е на Виолета Калиќ, а дизајнот на каталогот и плакатот е на Филип Фидановски. Преводот на француски јазик е на Олга Кулишев Клер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП