24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските податоци и руското производство ја притиснаа цената на нафтата

Кинеските податоци и руското производство ја притиснаа цената на нафтата

nafta 83

Денеска падна цената на нафтата на светските берзи по објавата на слабите кинеските економски податоци, а дополнително ја притисна рекордното производство во Русија.

На лондонската берза цената на барелот падна 72 центи или 1,5 отсто во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,84 долари. На американскиот пазар цената на нафтата се намали за 75 центи, спуштајќи се на 45,84 долари.

„Цената ја притиска високото ниво на производство во OPEC, рекордно високото производство во Русија и слабите кинески податоци“, толкува Карстен Фрич од франкфуртски Commerzbank.

Кинеското индустриско производство падна во октомври осми месец по ред, покажа истражувањето, сигнализирајќи континуирана слабост на втората по големина светска економија и потенцијално послаба побарувачка на големиот потрошувач.

На страната на снабдувањето берзите, пак, ги притисна податокот дека руското производство на нафта во октомври достигна највисоко ниво од распадот на СССР, од 10,78 милиони барели дневно. Податоците укажуваат на руска стратегија за одбрана на пазарниот удел, со оглед на засиленото настојување на конкуренцијата од Персискиот залив да ги преземе од Русија традиционалните пазари во Европа.

Во САД сепак пониските цени на нафтата започнаа сериозно да ги загрижуваат инвестициите и податоците објавени во петокот покажаа пад на бројот на активни ископини на најниско ниво од јуни 2010 година, потхранувајќи ги шпекулациите дека производството би можело да се намалува во следните месеци.

„Ќе биде потребно многу време да се намали огромниот вишок на залихи на сирова нафта. Согласно на тоа, цената на нафтата нема за кратко време да забележи стабилен раст, иако основите за еден таков тренд сега се цврсти“, толкува Мартин Кинг од FirstEnergy Capital.

Се проценува дека воедно ниските цени на нафтата веројатно и идната година ќе го поттикнуваат рафинериското работење на нафтените компании. Од швајцарската банка UBS очекуваат стабилни рафинериски маржи во 2016 година, со оглед на прогнозираната рамнотежа на понудата и побарувачката во рафинерискиот бизнис во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП