27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: Ова не беше мојот последен меч во Челзи

Мурињо: Ова не беше мојот последен меч во Челзи

murinjo

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, не стравува дека ќе добие отказ по најновиот пораз на неговиот тим. Челзи во саботата загуби на „Стенфорд Бриџ“ од Ливерпул со 1:3.

‘Сините’ одлично го започнаа натпреварот и стигнаа до предност во четвртата минута преку Рамиреш, но потоа Ливерпул целосно го контролираше натпреварот.

Фелипе Кутињо со два прекрасни гола направи пресврт, а победата на Ливерпул ја потврди Бентеке.

Исто така Португалецот рекол дека Фудбалската асоцијација на Англија ќе го казни доколку коментира одредени ситуации на натпреварот. Мурињо веројатно мислеше на првиот гол на Ливерпул кој беше постигнат по истекот на судиското надополнување на времето и на ситуацијата кога главниот судија не му го покажа вториот жолт картон на Лукас Леива.

Челзи по 11 одиграни натпревари се наоѓа на 15-то место на табелата со 11 освоени бодови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП