25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕва Карнеиро го тужи Челзи

Ева Карнеиро го тужи Челзи

Carneiro_1_3402381a

Поранешната докторка на Челзи, Ева Карнеиро, смета дека на недозволен начин била отстранета од работното место и поради тоа го тужи клубот. Нејзините адвокати го известиле Челзи дека составиле тужба преку која таа бара правдата да биде задоволена, бидејќи смета дека според однапред подготвено сценарио останала без работа.

Доколку двете страни не постигнат договор, тогаш Карнеиро и Челзи спорот ќе го решаваат на суд. Претходниот обид на адвокатите на Карнеиро да постигнат договор со ’сините’ завршија неуспешно. Крајниот рок да дојде до вонсудска спогодба е 8-ми ноември.

Евентуалниот судски процес сигурно ќе привлече големо медиумско внимание, нешто што во овој момент не му е потребно на Чезли, откако екипата очајно стартуваше во новата сезона, а менаџерот Жозе Мурињо поради непримерното однесување неколку пати беше во центарот на вниманието на англискиот печат.

За потсетување, Карнеиро беше отстранета од работното место уште на 8-ми август, кога заедно со физиотерапевтот Џон Ферн, беше жестоко критикувана од Мурињо, бидејќи во финишот на натпреваорт со Свонси (2:2), истрча на теренот да му помогне на повредениот Азар. Во тој момент Челзи на теренот остана со девет фудбалери.

Докторката тврди и дека додека се враќала на своето место на клупата, Мурињо ја навредувал. Во врска со целиот инцидент и обвинувањата на Карнеиро за сексизам, Фудбалската асоцијација на Англија реши да не покрене постапка против Мурињо, со образложение дека нема доволно докази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП