8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромовирана книгата на Лидија Димковска во Белград

Промовирана книгата на Лидија Димковска во Белград

резервен-зивот

На Саемот на книгата во Белград што започна на 26 октомври и ќе трае до 1 ноември, на платото „Милош Црњански“ беше промовиран романот „Резервен живот“ од Лидија Димковска во превод на српски јазик на Миленко и Урош Пајиќ.

Романот го објави издавачката куќа Агора која важи за една од најсериозните издавачки куќи во Србија во која излегуваат романите на нобеловките Дорис Лесинг и Алис Мунро како и на други наградувани автори од светската и српската книжевност.

За романот на Димковска говореше уредникот на издавачката куќа Ненад Шапоња кој истакна дека “Резервен живот” спаѓа во најдобрите романи напишани не само во Македонија туку и на просторот на цела поранешна Југославија во 21-от век и дека раскажувачкото мајсторство на авторката го остава читателот без здив. На новинарско прашање најави дека наредната година Агора планира да го објави и првиот роман на Димковска „Скриена камера“.

И двата романа на Димковска ја добија наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, а Резервен живот и наградата на Европската Унија за книжевност во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП