5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Саудиска Арабија би можела да банкротира до 2020-та година

ММФ: Саудиска Арабија би можела да банкротира до 2020-та година

sudiska arabija 222

Најбогатата арапска земја до 2020-та година би можела да банкротира, ако им се верува на прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој смета дека Саудиска Арабија, доколку не ја промени политиката, во следните пет години ќе остане без пари.

Првпат по 2009-та година оваа земја ќе има дефицит од 21,6 отсто. Во 2016-та година дефицитот би требало да изнесува 19,6 отсто, предвидува ММФ, кој тврди дека Саудиска Арабија мора да ги прилагоди трошоците.

Регионалните конфликти се сè подлабоки, а цените на нафтата паѓаат, што се главни фактори кои влијаат врз регионот.

„Постигањето на фискалната стабилност ќе биде посебен предизвик со оглед на тоа дека треба да се создадат работни места за повеќе од 10 милиони луѓе до 2020-та година во земјите во регионот кои извезуваат нафта“, рече директорот на ММФ за Средниот Исток и централна Азија Масуд Ахмет, пренесува РТ.

Падот на цените на горивата директно влијаеше и врз Иран, Ирак, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Алжир и Либија. Приходите од продажбата на нафта во Саудиска Арабија изнесуваат 80 отсто од приходите на земјата. Заради тоа владата мораше да ги намали трошоците, да одложи некои проекти и да продава обврзници во вредност од дури 15 милијарди долари.

Кралското семејство кое има дури 15 илјади членови всушност ја купува поддршката на граѓаните. Повеќето од 30-те милиони жители пристојниот животен стандард му го должи на кралското семејство и нејзината великодушност. Токму тоа доведе многу Саудијци да немаат навика да работат. Повеќето вработени работат во државна служба. Имено, од 5,5 милиони вработени, три милиони работат во државна служба. Малиот приватен сектор во главно вработува странци.

Кралот Салман бин Абдулазиз на народот му подели 32 милијарди долари кога во февруари оваа година ја прославуваше својата инаугурација. Наградата ја исплати во вид на две месечни плати на сите вработени во државните служби, но и на студентите, војниците и пензионерите.

Новиот крал тогаш им рече на граѓаните дека сето тоа не е доволно и дека не е она што тие го заслужуваат. Одлуката на кралот да ги дарува, повеќето Саудијци ја искористија за купување на нови паметни телефони, луксузни часовници и патувајќи на егзотични дестинации.

Воените трошоци се исто нешто што би можело да го забрза финансискиот колапс на Саудиска Арабија. Со 80,8 милијарди долари воен буџет оваа земја е на трето место, пред неа се само САД и Кина. Експертите сметаат дека тие издатоци се уште повисоки бидејќи овие пресметки настанале пред почетокот на саудиската интервенција во Сирија.

Заради предупредувањето на ММФ дека земјата може да остане без пари, би можел да се случи и преврат.

Браќата сакаат да го соборат раскошниот крал, а незадоволни се од контроверзните именувања од страна на владетелот, скапата војна во Јемен и трагичното загинување а повеќе од 700 верници во стампедо во близина на Мека.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП