18 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАРевија на балкански филмови на „Festival on Wheels 2015” во Куманово

Ревија на балкански филмови на „Festival on Wheels 2015” во Куманово

кумановцани

Кумановчани, во среда и во четврток, ќе имаат можност да ги проследат проекциите на филмови од неколку балкански кинематографии, поточно од бугарската, хрватската, грчката и албанската кинематографија.

Проекциите, кои се дел од второто издание на фестивалот на европски филмови во градовите низ Македонија „Festival on wheels 2015”, ќе се одржат во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Освен проекциите, во среда, со почеток од 17 часот, ќе биде одржана и работилница „Преку кастинг до филмска улога“ со мајсторот на фотографија Коста Дупчинов, а во вечерните часови ќе се одржат проекциите на бугарскиот филм „Кецови“ и хрватскиот „Котловина“ во четврток, љубители на филмот ќе можат да ги погледнат филмот „Ксенија“, овогодишен грчки кандидат во трката за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје, како и најгледаната албанска комедија „Жени’’ со мега популарниот албански актер и шоумен, Ермаљ Мамачи во главната улога. Во рамките на детското матине, најмладите ќе имаат можност да ги погледнат детските филмови „Амазонија’’ и „Витезот Расти“.

Фестивалот e во организација на Катавеј од Скопје , со поддршка од Агенцијата за филм и во соработка со НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП