
Продажбата на производи кои служат како замена на месо и месни преработки расте во просек за 6,4 отсто во 2015-та година во споредба со 2010-та година, достигнувајќи вредност од 5,17 милијарди долари (4,68 милијарди евра), се наведува во студијата на Markit.
Побарувачката за овие видови на прехранбени продукти ќе биде дополнително поттикната од извештајот кој во понеделникот го објави Светската здравствена организација (СЗО), а во која се наведува дека месните преработки без било какво сомневање се канцерогени, а дека црвеното месо е „можен виновник“ за одредени видови на рак.
