2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на 11 македонски уметници во Баку

Изложба на 11 македонски уметници во Баку

baku izlozba 33

Изложбата на Арс Акта „Во потрага по заедничко тло“, на 11 македонски современи уметници, во Центарот за современи уметности во Баку, Азербејџан, проект одобрен од страна на Министерството за култура и дел од програмата за прослава на дваесет годишната од воспоставување на дипломатски односи помеѓу нашата држава и Азербејџан, ќе се отвори за јавност на 26 октомври, со официјално отворање на 27 октомври во 18 часот.

Оваа изложба има за цел да презентира еден аспект од можните тематските преокупации на група автори кои се актуелни денес на македонската современа сцена, со дискурс кој е актуелен и во голема мера податен за поголемиот дел од земјите во транзиција и развој.

Проектот „Во потрага по заедничко тлоˮ ги преиспитува културните позиции и ре-позиции на македонската уметничка сцена. Учесници на изложбата се Борис Шемов, Игор Сековски, ОПА ( Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски), Гоце Наневски, Славица Јанешлиева, Нада Прља, Александар Спасоски, Радмила Ончевска, Маја Кировска, Велимир Жерновски и Игор Тошевски.

Кураторки на изложбата се Ана Франговска и Бојана Јанева Шемова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП