26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДибиров и Штербик во тимот на колото

Дибиров и Штербик во тимот на колото

Dibirov-Sterbik-001

Двајца ракометари на Вардар, Тимур Дибиров и Арпад Штербик, се најдоа во идеалниот тим на шестото коло во Лигата на шампионите. Вардар во шестата рунда го декласира Кјелце (34:24).

Тимур Дибиров во убедливата победа на Вардар, партиципираше со осум голови, додека Штербик имаше 12 успешни одбрани, од кои една го најде своето место меѓу најдобрите пет голмански интервенции на ова коло.

Идеалниот тим на шестото коло во ЛШ:

Голман: Арпад Штербик (Вардар)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Иман Џамали (Кристијанштад)

Среден бек: Расмус Лауге (Фленсбург)

Десен бек: Рамазан Доне (Бешикташ)

Десни крило: Лук Абало (ПСЖ)

Пивот: Рене Тофт Хансен (Кил).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП