2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКумановци, победници на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Кумановци, победници на фестивалот „Албански театар во Македонија“

албански-театар

Во центарот за култура во Дебар во средата навечер заврши фестивалот „Албански театар во Македонија“.

На 14-то издание на фестивалот за најдобра драмска престава жири комисијата ја прогласи драмата „Бодигарди“ во извадба на албанската драма при Кумановскиот театар.

За најдобар актер е прогласен Африм Касаполи од Приштина додека пак за најдобра актерка Ирена Цани исто така од Приштина. Наградата за режија ја доби Афродита Бориќи за режија на драмската престава „Емигранти“ од Прешево.

Градоначалникот на Дебар, Ружди Лата на завршната вечер на која настапи и Косовскиот национален балет, нагласи дека сите феставалски вечери понудија добри претстави. „Секоја вечер салата во центарот за култура беше преполна. Ова докажува дека Дебар бил и останува град на културата и љубовта кон драмската уметност“, изјави Лата.

Директорото на фестивалот, Илбер Нуредини нагласи дека на фестивалот театрите од Тетово, Куманово, Прешево, Приштина и Тирана понудија модерни драми кои беа мошне добро прифатени од дебарската публика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП